Давутоглу-треба да се избегне воена интервенција врз Иран

Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу

Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека треба да се избегне воена интервенција врз Иран, бидејќи нападот би имал големи последици во целиот регион и во светот.
Според Давутоглу спорот може да се реши за неколку дена доколку постои силна политичка волја и меѓусебно разбирање. Локалните медиуми јавуваат дека Турција ќе се обиде да ги стави на преговарачка маса членовите на Советот за безбедност на ОН и иранските власти.