Синдикатите утре на 24 часовен штрајк во Грција

Протестите во октомври 2011 во Грција

Грчките медиуми јавија дека синдикатите утре организираат нов 24-часовен генерален штрајк против новите мерки за кои преговара земјата со Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Протестите ќе се одржат на плоштадот пред грчкиот Парламент во Атина. Според соопштението на синдикатите тоа е првиот штрајк од серијата протести против договорот за нов заем, кој „го води народот кон катастрофа“.