Саули Ниинисто - веројатно нов претседател на Финска

Илустрација: Хелсинки.

Проевропскиот политичар Саули Ниинисто победи во вториот круг на претседателските избори во Финска, покажуваат првичните резултати од изборите. Поранешниот министер за финансии, според првичните резултети, победил против исто така проевропскиот Пека Хаависто од Партијата на зелените, освојувајќи 66 отсто од гласовите. Претседателот во Финска нема големи овластувања и пред се има церемонијална улога, но може да има влијание врз јавното мислење.