Поранешниот панамски диктатор Мануел Нориега во болница

Мануел Нориега во 1989 и во 1990 година - пред и по соборувањето од власт.

Поранешниот лидер на Панама Мануел Нориега е хоспитализиран, откако веројатно доживеал мозочен удар. Поранешниот диктатор издржува 20-годишна казна затвор поради убивање на противниците за време на неговото владеење во 80-тите години на минатиот век. Тој беше екстрадиран во Панама пред околу два месеци. Нориега ги помина последните две децении во затвор, прво во САД, а потоа и во Франција, поради трговија со дрога и перење пари. Тој беше соборен од власт во 1989 година по американската инвазија на земјата.