Невладини организации пред суд во Египет за нелегално финансирање

Полицаец пред канцелариите на една невладина организација во Каиро

Во Египет најмалку 44 лица, меѓу кои има и Американци ќе бидат изведени пред суд за финансирање на невладините организации. Претходно властите соопштија дека ќе им се суди на 40 лица.
Тие се обвинети за отварање на меѓународни организации во Египет без лиценца од владата и примање на нелегални финансиски средства.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вчера изјави дека помошта на Вашингтон во Египет ќе биде истражена.