Хилари Клинтон во посета на Бугарија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска пристигна во Софија со цел да ги убеди властите да ја намалат нивната зависност од руската енергија, бидејќи на тој начин Источна Европа подлегнува на политичкиот притисок од Москва. Клинтон ќе понуди алтернативни решенија за постоечките гасоводи кои се контролирани од страна на Русија и ќе разговара и за развој на нови енергетски извори.