Седум мртви при експлозија на автомобил бомба во Авганистан

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека седум лица загинале, а девет биле повредени при експлозија на автомобил бомба во авганистанскиот град Кандахар. Нападот се случил во паркинг зоната на полициска станица во градот.
Локаланите власти соопштија дека три од жртвите се полицајци, а 4 четворица се цивили. При експлозијата четири полициски автомобили се уништени и неколку згради.