Бесими утре во посета на Белград

Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Фатмир Бесими утре ќе престојува во работна посета на Белград. Бесими ќе сретне со српскиот министер за одбрана Драган Шутановац и со началникот на Генералштабот на Армијата на Србија, генерал потполковник Љубиша Диковиќ.
Престојот во Белград, Бесими ќе го заокружи со посета на ЈП „Југоимпорт-СДПР“, кој е во државна сопственост и се занимава со трговија со оружје, одбранбена опрема и трансфер на технологии.