Втор круг на гласање на претседателските избори во Финска

илустрација

Во Финска денеска се одржуваа вториот круг на гласање на претседателските избори во земјата. Кандидатот на конзервативна партија, Саули Нинистои е во трка против првиот геј претседателски кандидат на Зелената партија, Пека Хависто.
Според аналитичарите 63 годишниот Нинисто има кредибилитет, поради неговото искуство како поранешен министер за финансии за време на финансиската криза во Европа, додека 53 годишниот Хависто кој отворено ја призна својата сексуална определба ќе ја загуби поддршката меѓу постарите и конзервативни Финци.