Откажан лет за Париз од Белград поради лажна дојава за бомба

Летот на Ер Франс од Белград за Париз беше откажан, поради лажна дојава за бомба, заради која властите беа принудени да го затворат аеродромот на неколку часа. Полицијата подоцна уапсила еден маж во градот Бор, кој признал дека телефонски пријавил оти има бомба на аеродромот.