Во Сараево прогласена вонредна состојба, снег од еден метар

Автомобил затрупан од снегот во Сараево.

Властите во Босна и Херцеговина денеска објавија вонредна состојба во Сараево, откако градот беше парализиран од обилни снежни врнежи, а стотици луѓе останаа блокирани во домовите и автомобилите во целата држава.

Висината на снежната покривка во Сараево е над еден метар.

Неколку сараевски квартови објавија дека имаат недостиг од вода. Локалните медиуми јавуваат дека се регистрирани и тепачки за леб по продавниците.

Училиштата се затворени на една недела. Властите ги повикаа жителите да не ги напуштаат домовите.