Нема согласност за ре-старт на Топлницата во Велес

Топилница

Министерот Абдилаќим Адеми на прес-конференција рече дека се дезинформации наводите, според кои, Министерството за животна средина и просторно планирање дало согласност и дозвола за рестартирање на Топилницата во Велес. Адеми изјави дека ја поддржува препораката на премиерот до заинтересираниот инвеститор „Метрудхем“ да размисли за друга локација.
Адеми во вторник ќе ја посети Општина Велес за да ги објасни процедурите и, како што рече, да го увери градоначалникот и граѓанскиот сектор дека работат транспарентно. Од сите засегнати страни тој побара воздржаност од пласирање неточни информации или изјави и активности кои оправдано предизвикувале реакции во јавноста.