Во Египет продолжуваат насилствата

Министерство за внатрепни работи во Каиро

Насилствата во Египет поврзани со „фудбалското“ навивачко насилство во кое 74 луѓе загинаа родолжува трет ден по ред. Во Каиро полицијата употреби гас за да ги растера демонстрантите кои фрлаа камења врз министерството за внатрешни работи. Се јавува за насилства и во Суез и Александрија.
Според агенцијата Мена, при тоа имало загинати и над 2 500 повредени лица. Многу од демонстрантите ја обвинија полицијата и воените власти дека не ги спречиле насилствата на фудбалскиот стадион и оти ги користат за да ја спречат транзицијата кон цивилна влада.