Пападемос останува грчки премиер

Грчкиот премиер Лукас Пападимос нема да поднесе оставка дури и да има несогласување меѓу лидерите на трите водечки парламентарни партии за барањата на меѓународните кредитори, изјави портпаролот на Владата Панделис Капсис.
Тој негираше извештаи во медиуми дека Пападимос се заканил со оставка за да ги натера лидерите на партиите да ги одобрат условите за намалување на платите и пензиите.
-Пападимос треба денеска да има средба со претседателот на ПАСОК Јоргос Папандреу, со лидерот на Нова демократија Андонис Самарас и на националистичката партија ЛАОС Јоргос Караџаферис. Од резултатите од тие разговори може да зависи судбината на вториот пакет финансиска помош за Грција од ЕУ и ММФ во висина од 130 милијарди евра.