Илјадници во Москва демонстрираат „За фер избори“

Москва - За фер избори

Десетици илјади луѓе се собраа во Москва на температури од минус 20 степени да побараат крај на владеењето на премиерот Владимир Путин кој е кандидат и на мартовските претседателски избори.

Според полицијата во Москва има околу 90 илјади демонстранти. На ривалските про – Путин демонстрации има собрано околу 23 илјади луѓе.

Провладини демонстрации во Москва


Претходно во источна Русија се одржуваа анти владини демонстрации предводени од руската опозиција „ За фер избори“. Стотици луѓе демонстрирале во Владивосток и Кабаровск.

Тие, како и во Москва, го изразуваат незадоволството од злоупотребите на изборите на 4 декември на кои победи Обединета Русија на Премиерот Владимир Путин.