140 години од раѓањето на Гоце Делчев

Macedonia - Goce Delcev momument, Skopje, undated

Денеска во Македонија се одбележуваат 140 години од раѓањето на Гоце Делчев во организација на меѓународната манифестација „Гоцеви денови“.
Панихида за Гоце ќе одржат свештеници од Скопската епархија на МПЦ, а цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје,ќе положи државна делегација, претставници на АРМ, на образовни институции, политички партии, општини, установи и здруженија именувани по Гоце Делчев.
Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите беше роден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.