Русија не може да ја поддржи резолуцијата за Сирија

Заменик шефот на руската дипломатија Генадиј Гатилов изјави дека неговата земја не може да ја поддржи предлог резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Сирија. Тој прецизира дека измените кои биле направени во текстот не биле доволни. Во предлогот сега изрично не се бара од претседателот Башар ал Асад да ја напушти функцијата. Во меѓувреме, активисти за човекови права соопштија дека во денешните судири со безбедносните сили во Сирија биле убиени најмалку 20 луѓе.