Почнува 48 минхенска безбедносна конференција

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле на прес конференција во Минхен, 03.02.2012.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и претседателот на Светска банка Роберт Целик се меѓу учесниците на тридневната конференција за безбедност што денеска почнува во Минхен. Како главни теми на собирот се посочени светските енергетски извори, европската безбедносна улога и Блискиот Исток.