Расмусен: дијалогот меѓу Белград и Приштина клучен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Брисел изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е од животна важност и оти мора да биде продолжен. Тој ова го изјави во почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО и земјите кои имаат трупи во КФОР на Косово. Тој подвлече дека е апсолутно потребно КФОР и ЕУЛЕКС да ги зацврстат заедничките напори на Косово.