Борби во Пакистан, триесетина загинати

Седум пакистански војници и дваестина исламски милитанти загинале во борбите во во регионот Курам на границата со Авганистан. До борбите дошло откако милитантите нападнале еден контролен пункт на пакистанската војска. Регионот Курам се смета за едно од засолништата на талибанците и на Ал Каеда.