Над 160 мртви од студеното време во Европа

Студеното време во поголемиот дел на Европа се посочува како причина за смртта на над 160 луѓе. Најмногу жртви има во Украина и Полска, а зимските услови предизвикаа големи проблеми и на Балканот, каде што многу села поради снегот се блокирани. Рекордно ниски темеператури се забележани и во Казхастан каде што во северните делови на земјата биле измерени минус 40 целзиусови степени.