САД: Нов предлог- санкции против Иран

Американскиот банкарски комитет во Сенат денеска го одобри новиот пакет-предлог санкции против Иран, со што е на чекор поблиску до изгласување на закон. Станува збор за пакет мерки кои ги таргетираат Иранската револуционерна гарда и компании кои се вклучени во нуклеарната програма на Техеран. Со мерките се предвидува казна за компаниите и поединците кои ќе го снабудваат Иран со оружје. Предлог мерките доааѓат по неколку недели откако Конгресот ги поддржа санкциите против Централната Банка на Иран.