Русија ја обвинува Ештон за мешање во внатрешните работи

Русија ја обвинува еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон за мешање во внатрешните работи на земјата. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич изјави дека говорот на Ештон во Европскиот парламент во средата, е обид да им се одржи лекција на руските власти. Таа во нејзиниот говор ја повика руската влада да започне дијалог со опозицијата и „да дефинира агенда со промени“.