Сакашвили жали за комромисите во неговиот мандат

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили изјави дека жали што се согласил на компромиси околу некои реформи за време на неговото претседателствување. Тој ова го изјави на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон по средбата која ја имаше неделава со американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон.
Тој изјави дека најмногу жали за компромисот кој што го прифатил за законот за заштита на религиозните малцинства односно што дозволил да се пролонгира донесувањето на тој закон поради бурните реакции во јавноста. Сакашвили додаде дека жали што во првата година од неговиот мандат не останал цврсто на ствот дека тој закон мора да се донесе.
Тој на функцијата претседател дојде во 2004-тата година а неговиот мандат истекува догодина.