Обама-вербата и моралот ми помагаат да ја вршам функцијата

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата христијанска вера и строгите морални принципи му помогнале да ја врши функцијата и да донесе одлука за некои од најтешките проблеми на земјата.
Обама ја даде изјавата за време на годишниот традиционален доручек во Вашингтон на кој секоја година учествуваат верските лидери од земјата.
Обама на средбата рече и дека одлуката да ги зголеми даноците на најбогатите Американци била поради неговата верба за поделба на одговорноста во економска смисла.