Судири на полицијата и демонстрантите во Каиро

Протестите во Каиро

Египетската полиција употребила солзавец против демонстрантите кои се движеле накај зградата на Министерството за внатрешни работи во Каиро. Според сведоци, илјадници демонстранти извикувале слогани против владејачкиот воен совет и фрлале камења кон полицијата.
Се уште нема информации дали има повредени во судирот. Денешните протести се поради немирите на еден фудбалски натпревар меѓу два египетски тима на стадион во Порт Саид, каде загинаа најмалку 74 лица, а 1000 се повредени.