Расизмот бележи раст во Европа

Kомесар за човекови права на европскиот совет, Томас Хамарберг

Kомесар за човекови права на европскиот совет, Томас Хамарберг изјави дека расизмот и хомофобијата бележат раст во Европа во услови на економска криза, поради која се заборава на ранливите социјални групи.
Според Хамарберг во Европа и натаму има злоупотреба на човековите права, поради што потребно е да се посвети повеќе внимание на решавање на прекршувањата на правата во борбата против тероризмот, како и на нерешените злосторства во поранешна Југославија.