Народниот правобранител повика на смирување на ситуацијата во струшко

Народен правовбранител Иџет Мемети

Народниот правобранител Иџет Мемети повика на смирување на состојбата и враќање на довербата меѓу етничките и верските заедници во општините Вевчани и Струга. Мемети апелираше власта да преземе конкретни акции кои ќе влијаат репресивно, но и превентивно за да не се случуваат делби кои се опасни за соживотот во Македонија.
Според Мемети, манифестирањето на нетрпение преку јазикот на омраза, води кон поделба и создавање на тензични ситуации кои може да предизвикаат само штета.