Ирачкиот суд ја потврди смртната казна за напаѓачите на католичка црква

Нападот на сириската католичка црква во 2011 година

Ирачкиот апелационен суд ја потврди смртната казна за тројца мажи осудени за нападот на сириска католичка црква во Багдад во 2010 година, при кој загинаа повеќе од 50 лица. Според судот одлуката е конечна и била испратена до претседателскиот совет.
Според ирачкиот Устав, претседателскиот совет во кој членуваат претседателот и двајца потпрестседатели мора да ја одобрат смртната казна за таа да биде спроведена.
Тројцата мажи беа осудени на смртна казна на 2 август 2011 година, додека еден нивен соучесник беше осуден на 20 години затвор.