Изолирани 11 илјади лица во Србија поради снегот

Еден жител на Србија го чисти снегот пред неговиот дом

Околу 6.500 куќи, во кои живеат 11 илјади лица, останаа изолирани поради блокираните патишта од снег во Србија, изјави шефот на Службата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи Предраг Мариќ.
Според информациите на службата од студ во земјата досега починале шест лица. Снегот и ниските температури во изминатите денови предизвикаа масовни проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија низ Балканот.