Нови жртви од студеното време во Европа

Најмалку 63 лица умреле од студ во Украина, каде температурите се симнаа на -33 степени во изминатите денови. Властите отворија повеќе од 1700 засолништва низ земјата. Полската полиција соопшти дека во текот на изминатите 24 часа 9 лица умреле од студ, со што бројката на жртви се искачи на 29.
Најголем дел од нив биле бездомници. Ниските темпратури однесоа повеќе од 110 животи во Европа.