Албанскиот омбудсман засолни десетици роми од студ во својата канцеларија

Украина - Ромскиот живот секаде е тежок

Албанскиот обмудсман Игли Тотозани изјави вчера дека во својата канцеларија во Тирана засолнил десетици ромски бездомници, потенцирајќи ја нивната тешка положба, откако поларниот бран го погоди регионот.
Тотозани истакна дека им дал засолниште на 51 Ром, од кои 25 се деца, за да ги спаси од ниските температури.
Ромите останале без покрив над главата, откако на два пати биле протерани од приватни парцели во предградијата на Тирана, каде ги поставувале своите шатори.
Тотозани изјави дека се надева оти Министерството за труд наскоро ќе пронајде решение за проблемот.