Американскиот претседател Обама го организира традиционалниот молитвен појадок

Молитвениот доручек што го организира денеска американскиот преседател Барак Обама е традиција стара 60 години. На појадокот секој прв четврток во февруари се собираат во Вашингтон на заедничка молитва претседателот на САД, членовите на Конгресот, американски политичари и воени лидери и гости од стотина земји. Националниот молитвен доручек е манифестација која трае неколку денови, собира околу 3500 гости и се состои од повеќе состаноци, ручеци и вечери, а централното случување е во четврток. Меѓу претстaвниците од Македонија во делегацијата присуствува министерот за надворешни работи Никола Поповски.