Егзекутирани 17 лица во Ирак во еден ден

I

Ирачките власти егзекутирале 17 осудени криминалци во еден ден. Министерството за правда соопшти дека од почетокот на годината биле егзекутирани 51 лице, кои биле осудени за тероризам, вооружена кражба, киднапирање и убиство.
Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај ги нарече егзекуциите во Ирак застрашувачки и ја повика земјата да запре да ги практикува.