Жбогар-интеграцијата на етничките Срби на Косово најголем предизвик

Новоименуваниот специјален претставник на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар

Новоименуваниот специјален претставник на ЕУ во Приштина Самуел Жбогар изјави дека интеграцијата на етничките Срби на територијата на Северно Косово ќе биде најголемиот предизвик во приближувањето на земјата кон ЕУ.
Новата функција на Жбогар е под надлежност на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и ќе ја извршува напоредно со функцијата шеф на Канцеларијата на ЕУ, која е под ингеренции на Европскиот совет.