Почина новинарката на Дневник, Натали Сотировска

Натали Сотировска

Новинарката во дневниот весник Дневник, Натали Сотировска по долго и тешко боледување почина денеска во Скопје на 44 годишна возраст. Сотировска повеќе од 15 години се занимаваше со истражувачко новинарство. Во текот на својата кариера таа покриваше повеќе области, а ќе биде запаметена како врвен познавач на состојбите во областа на судството и борбата против корупцијата.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта Бутел од 11:30 до 12:30 часот, а закопот ќе се одржи во 13 часот.