Средба на СВР Охрид со жителите од струшко

Секторот за внатрешни работи Охрид организира средба со советодавната група граѓани од селото Лабуништа за актуелните настани и безбедносната состојба во Лабуништа. На средбата ќе присуствуваат и претставници од одборите на џамиите и црквите од Лабуништа и Боровец, советници од Лабуништа во Советот на општина Струга, претставници на ОБСЕ, невладини организации и заинтересирани граѓани. Тие ќе разговараат за мерките кои ќе ги преземат и за градење стратегија за превенција од насилството, како модел за решавање на недоразбирањата и отворените прашања.
Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј денеска ја посети црквата Свети Никола и повика да надвладее разумот кај сите граѓани, без разлика на нивната верска и етничка припадност и да продолжат со соживотот кој го граделе со векови. Тој ги повика надлежните институции да ги пронајдат и казнат сторителите на чинот.