Малики-корупцијата опасна за Ирак како тероризмот

Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Ирачкиот премиер Нури ал Малики изјавил дека корупцијата, како тероризмот претставува опасна закана за стабилноста на земјата. Според извештајот на американскиот Конгрес, Малики во октомври минатата година навел дека корупцијата е распостранета во ирачката влада.
Ирак се наоѓа на 175 место од 182 земји според индексот за корупција во 2011 на меѓународната организација Транспаренси Интернешнел.