Милитантите убиле единаесет војници во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека милитантите во северозападната покраина Балочистан убиле 11 војници. Пакистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека етничка сепаратистичка група наречена Армија за ослободување на Балоч ја преземала одговорноста за нападот.
Групата е составена од членови на клановите Бугти и Мари кои од 2004 година се борат за политичка автономија и поголема поделба на профитот од нафтата и минералните резерви во покраината.