Русија ја кочи новата резолуција на ОН за Сирија

Русија ја отфрли нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации за запирање на насилствата во Сирија, оценувајки дека во неа не е содржано експлицитно исклучување на странска воена интервенција. Резолуцијата, подржана од западните и од земјите од Арапската Лига, беше понудена вчера, а американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека со неа не е предвидена странска воена интервенција во Сирија. Русија инсистира дека конфликтот во Сирија треба да го решат самите сиријци. Во меѓувреме, сиријските владини сили и денеска продолжиле со операциите против анти-режимските сили во предградијата на Дамаск и во провинцијата Хомс.