Убиен војник на НАТО во Авганистан

Мисијата на НАТО во Авганистан соопшти дека напаѓач облечен во униформа на авганистанската армија убил еден војник на НАТО во јужниот дел на земјата. Не е соопштена националноста на убиениот војник на НАТО. На 20-ти минатиот месец, авганистански војник уби 4-ца француски војници од составот на НАТО.