Кошарка: Македонија во група со Ангола и Нов Зеланд

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра во групата Д на квалификацискиот турнир за Олимпските игри, заедно со селекциите на Ангола и на Нов Зеланд. Ова е исходот од жрепката одржана синоќа во главниот град на Венецуела, Каракас, каде што ќе се играат квалификациите во јули годинава.
Од 12-те репрезентации, поделени во 4 групи, во втората рунда одат првите две од секоја група, а по четвртфиналето и полуфиналето, треба да се добијат три репрезентации кои ќе учествуваат на Игрите во Лондон.
Македонија на жрепката беше во првиот „шешир“ на носители на групи, заедно со Русија, Грција и со Литванија.