Бан Ки Мун во посета на Израел и Палестина

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска ќе ги посети Израел и палестинските територии, за да го поттикне продолжувањето на мировните разговори.
Во Ерусалим тој ќе се сретне со израелскиот претседател Шимон Перес, премиерот Бенјамин Нетанјаху и со шефот на дипломатијата Авигдор Либерман.
Во Рамала, пак, првиот човек на Светската организација ќе има средби со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со премиерот Салам Фајад.