Приведен руски опозиционен лидер

Радикалниот опозиционен лидер Едуард Лимонов

Во Русија неколку десетици демонстранти, меѓу кои и радикалниот опозиционен лидер Едуард Лимонов биле вчера уапсени, бидејќи се обиделе да организираат протести за одбележување на правото на собир.
Околу 100 лица се појавиле на протестот во центарот на Москва. Лимонов бил и претходно приведен за слични протести.
Руските опозициони партии планираат протести во сабота против кандидатурата на премиерот Владимир Путин на претседателските избори кои ќе се одржат во март.