Десетици мртви поради ниските температури низ Европа

Десетици луѓе починаа поради ниските температура во Централна и Источна Европа. Во Украина тринаесет лица починале во изминативе 5 дена. Полската полиција соопшти дека уште 5 лица умреле од студ во изминатата вечер кога температурите паднале на -30 степени. Осум лица починале во Романија, а три во Србија и едно лице во Бугарија и Чешка.