Иванов и поглаварите на МПЦ и ИВЗ со осуда за настаните во Струга

Претседателот Ѓорге Иванов и поглаварите на МПЦ и ИВЗ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи на денешната средба по повод настаните во општините Вевчани и Струга заклучија дека кој било изолиран инцидент, каде и да се случил, треба да биде осуден од страна на сите.
Кабинет на Иванов соопшти дека претседателот очекува извршителите на инцидентите да одговараат согласно законите.
Поглаварите заеднички упатија порака за одговорност во негување на меѓуверските односи и на културата на толеранција.