Запрена подводната потрага на бродот Коста Конкордија

Нуркач ја истражува внатрешноста на Коста Конкордија

Италијанските нуркачи соопштија дека ја сопреле потрагата на тела во внатрешноста на бродот Коста Конкордија, бидејќи околностите во водата станале небезбедни и ја попречувале нивната работа.
Агенцијата за цивилна заштита пак соопшти дека тимовите за итна интервенција ќе продолжат да истражуваат дел од бродот, кој се наоѓа под водата, при што ќе користат специјална опрема со која ќе проверат дали има некои тела на дното на морето.
Коста Конкордија се насука во близина на брегот на Тоскана, при што 17 лица загинаа во несреќата, а 15 се водат за исчезнати.