МПЦ ги осуди настаните во Струга и Струшко

Македонската православна црква ги осуди настаните во Струга и Струшко, кои придонесоа за нарушување на меѓуетничкиот мир и верската толеранција во земјата. Според МПЦ проблемите и недоразбирањата не можат да се разрешат со насилство и противнавреда.
МПЦ во соопштението порачува до верниците и сите граѓани на Макеоднија да се однесуваат разумно и одговорно и да придонесат за создавање услови за нормален соживот, достоен на една демократска држава.