Десетици мртви при судир на војската и талибанците во Пакистан

Пакистански војници

Пакистанската војска соопшти дека повеќе од триста талибанци нападнале воен пунк во бунтовничкиот регион Курам, при кој загинале 10 војници и најмалку 40 милитанти. Талибанците се обидувале да преземат контрола на една стратешка позиција во регионот Јоги Калан од која се надгледува патеката која ја користат милитантите, кои се движат накај Северен Вазиристан и Авганистан.