Ирански сателит за вести на шпански јазик

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска официјално лансира ирански сателит преку кој ќе се емитува 24 часовна програма наменета за шпанското говорно подрачје во светот. Покрај новиот канал наречен Хиспан ТВ, Иран емитува програма и на англиски, арапски, турски и француски јазик.